Search

Илјадници луѓе на Парадата на гордоста во Берлин, во Москва уапсени над 30 демонстранти

Полицијата проценила дека денеска на Парадата на гордоста во Берлин, која се одржа како замена за откажаната традиционална, во организација на ЛГБТ заедницата, се собрале околу 3.500 луѓе, а во германската престолнина истиот ден е одржан и антирасистички протест.

Прајд Парад обично има и до милион посетители а беше планиран за 25 јули, но оваа година е откажан поради пандемијата на ковид-19.

Манифестацијата под слоганот „Берлински Прајд: Спасете ја нашата заедница, спасете ја нашата гордост“ почнала на пладне на температури од 30 степени, од југозападната населба Шоенберг, а учесниците потоа прошетаа низ центарот на градот.

Организаторите ги повикале учесниците на парадата меѓу себе да одржуваат растојание и да носат маски цело време додека трае парадата.

Во Москва пак денеска полицијата уапсила над 30 луѓе, повеќето жени, на протест во центарот на градот поради обвинувања за ширење на порнографии против истакнати ЛГБТ активисти.

Претходно овој месец полицијата ја обвини лгбт активистката Јулија Цветкова дека со нејзините фотографии шири порнографија. Ако судот ја прогласи за виновна, може да биде осудена на затворска казна од шест години.

На протестите во Москва учесниците протестираа индивидуално, оддалечени едни од други. Индивидуалните протести во Русија обично се легални, но во бројни случаи има приведени демонстранти.

Западните влади и активисти за заштита на човековите права ја критикуваат руската влада поради односот кон припадниците на ЛГБТ заедницата.

Треба да знаете
Последни објави