Search

Алиоски е хит во Англија поради потегот после победата на Лидс

Само 11 минути игра му беа потребни на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски за да се запише на листата на стрелци на денешниот натпревар кој Лидс го доби убедливо со 3:0 против Фулам. Џани влезе на полувреме и погоди во 56-та минута и сега Лидс има 74 бода, 3 бода повеќе од второпласираната ВБА. Ова беше негов петти погодок оваа сезона во дресот на Лидс.

Алиоски се погрижи после натпреварот повеќе да се зборува за аплаузот упатен кон картонските навивачи отколку за самиот погодок. Имено, после последниот судиски свиреж нашиот репрезентативец одлучи да аплаудира кон картонските кутии со лица на навивачи кои на стадионот се поставени околу 15.000.

Треба да знаете
Последни објави