Search

Продолжува со работа вашиот омилен Fast Food Corner- Ramstore Mall ќе работи и во недела.

Дали сте подготвени за ре-отварање на вашето омилено катче за храна? Ние сме.

Следејќи ги препораките на Министерството за здравство, Ramstore Mall најавува отварање на вашиот омилен Fast Food Corner. Од денеска, петок, 26.06.2020, продолжува со работа добро познатиот Центар на Вкусови, каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат со добра храна и пијалоци. Направете пауза од добар шопинг за да вкусите деликатесна храна од нашиот широк асортиман. Уште една одлична вест е тоа што трговскиот центар ќе работи и во недела.

Задоволството и здравјето на нашите посетители се наш врвен приоритет. Затоа, да се однесуваме одговорно и да ги следиме препораките за заштита и спречување на вирусот донесени од властите.

Ramstore Mall, како и секогаш е тука да ги задоволи сите ваши желби и потреби, нудејќи незаборавно шопинг искуство, надополнетлно со широк асортиман на содржини.

 

Треба да знаете
Последни објави