Search

Обнова на здравството со четири нови клинички центри, нова опрема и повисоки плати за медицинскиот персонал

Македонија ќе се исправи. ВМРО-ДПМНЕ ветува обнова на Македонија. Се обврзуваме на многу работа, труд и посветеност, со цел Македонија да стане модерна и просперитетна земја, рамо до рамо со земјите од ЕУ.

Здравството е еден од главните столбови на нашата програма.

Ветуваме дека ќе работиме во насока на креирање на модерно здравство, со врвни и квалитетни услуги. Ќе инвестираме како во болници и апарати, така и во човечки потенцијал.

Достоинството на лекарите и медицинските работници мора да биде вратено.

Предвидуваме изградба на четири нови Клинички центри: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетски клинички центар „8-ми септември“, кој би работел под административна капа на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Универзитетска клиничка болница – Штип и Универзитетска клиничка болница Тетово.

Лекарите и медицинските работници ќе добијат 20% повисоки плати. Специјализантите ќе имаат гарантирана плата и платени дежурства.

Комплетно ќе се посветиме за здравство без хартија, со укинување на рецептите и пружање на услуги само со лична карта.

ВМРО-ДПМНЕ нуди квалитет и сигурни резултати. СДСМ рекет, криминал и корупција.

СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на кичма. Исправи се Македонија! Одбери обнова!

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави