Search

Кејт Хадсон објави фотографија вредна илјада зборови

Kејт Хадсон е една од омилените актерки и холивудски личности поради својата непосредност, а благодарение на која им покажува на сите дека тоа што е светски позната не значи дека не ги дели истите животни ситуации со остатокот од светот.

Мајка е на три деца, а поради тоа се повлече малку од јавниот живот и му се посвети на семејството. Најмалото од нив, прекрасната Рани Роуз има неполни две години, а Хадсон на својот Инстаграм профил објави фотографија токму со неа, како ја држи во прегратка во бања.

Фотографијата која вреди илјади зборови, сепак беше дополнета со порака која има за цел да нè потсети за тоа што е љубовта и што е вредно во животот:

https://www.instagram.com/p/CB3oQ31ptt0/

„Љубов. Ги чувам моите деца, како што сакам и мене да ме чуваат и не барам ништо за возврат. Ги сакам моите деца со слободата на мислата дека се поинакви од мене, поддржувајќи го нивното право на индивидуалност. Едноставно, ги сакам бескрајно. Ќе се греши, луѓето имаат недостатоци, да се биде човек секогаш означува несовршенство. Сакаме ли да е поинаку? Совршенство… што е тоа? Но, кога се држиме еден со друг, кога љубиме, можеме да простиме. Кога љубиме, ја трансцендентираме цела негативна бучава. Кога бираме љубов, бираме добар живот. И ако мислите дека љубовта не ве избрала вас, запомнете, некој надвор, не некој – многу луѓе надвор се подготвени да ве пуштат во својот свет и да ја делат љубовта со вас. Да се одбере љубов значи никогаш да не си сам“, напиша актерката под објавата.

Треба да знаете
Последни објави