Search

Жерард Батлер зрачи со мажевност на дружба со пријатели

Џерард Џејмс Батлер, познат како Жерард Батлер, беше фотографиран на вечера и пијалак со пријатели во ресторан во близина на „Венеција бич“.

Познатиот шкотски актер и продуцент во изминативе некоку мееци правеше кратки паузи од самоизолацијата во својот дом среде пандемија на Ковид-19, кога одеше на плажа во Малибу.

А во четвртокот, по ублажувањето на некои од здравствените мерки за безбедност, ѕвездата на „Триста“ (300) излезе со неколку пријатели на вечера и пијалак во ресторанот Scopa Italian Roots во близина на „Венеција бич“.

Актерот (50) го задржа својот кежуал кул изглед по кој е познат и во модниот свет со избледени сини фармерки, бела маичка и сини патки. Темните очила за сонце, подраснатата брада и мустаќи му додаваат уште една мажествена димензија.

Како и во блиското минато оваа година, Шкотланѓанецот не носеше заштитна маска, која од минатата недела е задолжителна на јавни места откако гувернерот на Калифорнија воведе таков пропис.

Според „Дејли мејл“, всушност никој од пријателите го немаа покриено лицето кога се поздравуваа и прегрнуваа на пристигање во ресторанот.

Дружбата со пријатели се случи во истиот ден кога излезе трејлерот за неговиот нов филм „Гренланд“, кој треба да почне да се прикажува во киносалите на 14 август.

Треба да знаете
Последни објави