Search

(Видео) Шарлиз Терон го нападна Стивен Сигал, дебел е и лошо се однесува кон жените

Шарлиз Терон во неодамнешното интервју рече дека Стивен Сигал е дебел, дека глуми дека знае да се бори, а и лошо се однесува кон жените.

Познатата 44-годишна актерка која се појави во неколку акциски филмови се појави во виртуелно интервју кај Хауард Стерн.

„Ноќе одам на интернет и гледам како луѓето се борат и секогаш наидувам на тоа чудно видео од Сигал во кое се ’бори’ во Јапонија, но не го прави тоа навистина“, објасни таа додека зборуваше за истражувањето на нејзините улоги. „Само е неверојатно многу тежок и ги турка луѓето. Тој има вишок килограми и одвај може да се бори … погледнете, тоа е смешно”.

https://www.instagram.com/p/B7PTVUIB_yv/

Таа ги оправда своите остри коментари истакнувајќи дека се зборува дека е тешко да се работи со Сигал, особено за жените. „Немам проблем да зборувам за него затоа што тој не е многу добар кон жените, па нека се е..“, му рече таа на водителот, на кого му откри и зошто не сака да се омажи.

Сигал е обвинет за сексуално злоставување на повеќе жени. Пред две години, The Wrap објави дека актерката Реџина Симонс, која била продуцентка на филмот „На смртоносна земја“, го обвинила дека ја силувал на забава во неговиот дом во Беверли Хилс, кога имала 18 години. Фавиола Дадис изјави дека поднела тужба против актерот во полицискиот оддел во Лос Анџелес, тврдејќи дека ја злоупотребил за време на аудицијата во 2002 година.

https://www.instagram.com/p/B-25ObRnOcu/

Портиа де Роси, која глумеше со Терон во „Лишени“, твиташе за своето искуство работејќи со Сигал во 2017 година. „Мојата последна аудиција за филмот со Стивен Сигал се одржа во неговата канцеларија. Тој ми кажа колку е важно да се има хемија на екранот,додека ги откопчуваше пантолоните. Истрчав и го повикав мојот агент, ’Па не знаев дека не е твој тип’, ми одговори ладно.

Треба да знаете
Последни објави