Скопски полицаец фатен со пиштол и дрога во автомобил во Гостивар

На 24.06.2020 во 21,40 часот во Гостивар на ул.„Илинденска“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од полициски службеници од Полициската станица Гостивар лишени од слобода биле Е.В.(29), М.К.(20), Л.Б.(24) сите од Скопје и М.К.(25), полициски службеник од Скопје.

Имено, при извршениот преглед врз патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.К. пронајдено било огнено оружје- непозната марка, со рамка и осум куршуми како и кеса со остатоци од прашкаста материја.

Известен бил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави