Search

Унгарија демантира дека ноќеска ќе ја затвори границата со Србија

Унгарската амбасада во Белград вечерва ги негираше гласините дека Унгарија вечерва планира да ја затвори границата со Србија.

„Во српските медиуми се појавија вести дека Унгарија вечерва планира да ги затвори границите. Ве инфомираме дека, сепак, унгарската Влада во моментов не планира да ги преземе овие мерки”, се вели во соопштението за амбасадорот д-р Атила Пинтер.

Тој побара сите да бидат информирани од автентични, а не од лажни извори.

Порталот „Директно” претходно денеска соопшти дека Унгарија вечерва ќе ги затвори границите со Србија.

Треба да знаете
Последни објави