Search

Таткото на Лејди Гага откри што му подарила ќерката за Денот на таткото

Таткото на Лејди Гага, Џо Џерманота, откри дека за Денот на таткото (кој се слави на 21 јуни во САД), од неговата позната ќерка не добил некој подарок на кој би му завидувале , но тоа не му пречело.

„Мојата ќерка Стефани – ака Лејди Гага – ми испрати кутија орео“, рече 64-годишникот низ смеа за време на интервјуто за „Фокс бизнис“. Тој додаде дека неговата втора ќерка Натали е во Њујорк и дека го води на долго возење велосипед.

Џерманота живее во Њу Џерси, и му рече на водителот Даген Мекдауел дека добро се одморил, но и дека повеќе се фокусирал на повторно отворање на дел од неговиот ресторан Џон Траторија, сместен во њујоршкиот кварт Апер Вест Сајд.

Њујорк влезе во втората фаза на пандемијата во понеделникот, што значи дека рестораните, од кои голем дел се целосно затворени со месеци, можат да се отворат доколку имаат тераси. Џерманота откри дека прво морал да го затвори својот ресторан (кој ја наведува Гага како инвеститор)две недели, што го искористил за чистење на просторот.

Откако доби заем од државата, Џерманота беше во можност да отплати дел од своите вработени. „Некои од нив се со мене осум, девет години, па морав да се грижам за нив“.

Пред да го добие заемот, Џерманота рече дека им платил на вработените од сопствен џеб. Но, во март, тој се најде на удар на критики откако отвори страница „Go Fund Me“ за неговите вработени. Со оглед на финансискиот статус на неговата постара ќерка – Гага има околу 275 милиони американски долари – критичарите сметаат дека ваквиот потег е непотребен. Џерманота наскоро ја затвори страницата.

Треба да знаете
Последни објави