Search

Луиз ќе остане во Арсенал уште една година

Дефанзивецот на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, Бразилецот Давид Луиз, ќе го продолжи договорот со клубот, објавија британски медиуми.

Според „talkSPORT” 33-годишниот Бразилец ќе потпише нов договор за период од една година.

Претходно во медиумите имаше информации дека играчот ова лето може да ги напушти „топчиите” како слободен играч.

Во сезоната 2019/20, Луиз одигра 33 натпревари за Арсенал, има два гола и една асистенција.

Треба да знаете
Последни објави