На Табановце прошверцувал во багажник четворица струмичани за да не прават ПЦР тест

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.К.(30) од село Петралинци, Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “недозволено преминување на државнаграница” и “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

На 01.06.2020 на Граничен премин „Табановце” недозволено ја преминал државната граница на лента за излез со патничко возило „мерцедес” и во меѓуграничен простор зел четири лица, сите од Струмица при што ги внел во Р.С.Македонија, со што пријавениот избегнал пасошка контрола и не постапил според здравствените прописи за време на епидемија поради непоседување на ПЦР-тест во врска со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави