Search

Србија воведува задолжително носење на маски во затворен простор

Српскиот кризен центар усвои нови мерки за борба против „Ковид-19“, откако секојдневно се регистрираат повеќе од 90 нови случаи на инфекција со коронавирус.

Според новите мерки, Клиничкиот болнички центар „Бежаниска коса“ станува специјализирана болница за лекување на пациенти заразени со коронавирус. Клиниката за белодробни заболувања во Ниш исто така ќе ја има таа цел, пишува „Телеграф.рс“.

Центарот утврди и дека носењето маски е задолжително од денес на сите јавни затворени места, почнувајќи од јавниот превоз до продавниците, маркетите, рестораните, државните институции и слично. Повторно е намален дозволениот број на лица во затворен простор.

Треба да знаете
Последни објави