Search

Словенија ќе купи оклопни возила во вредност од речиси 400 милиони евра

Словенија наредните години ќе потроши речиси 400 милиони евра за набавка за нови оклопни возила како дел од процесот за модернизација на армијата. Станува збор за поголем инвестициски циклус вреден 780 милиони евра, а средстава треба да се потрошат во период од неколку години, односно од 2021 до 2026 година.

Според плановите на Министерството за одбрана, покрај оклопните возила планирано е во овој период да се набават и два воени хеликоптери и еден транспортен авион. Дополнително предвидено е да се потрошат 65 милиони евра за логистика и медицинска опрема, 65 милиони за ракетни системи и 40 милиони за информатички системи потребни за армијата.

Словенечката Влада за реализација на инвестицијата веќе подготви и посебен Закон кој веќе влезе во собраниска процедура.

Треба да знаете
Последни објави