Search

Далас не планира да го замени Кортни Ли

Далас не планира да го замени својот играч Кортни Ли, кој доби сериозна повреда на ногата и ќе го пропушти рестартот на сезоната во кошаркарската НБА лига поради операција.

Маверикс сакаат Ли да биде со екипата во Орландо и сметаат дека да се има искусен играч во соблекувалната е многу важно за тимот.

Доколку Ли остане во составот, Далас нема да може да се стекне со нов кошаркар за време на периодот за ангажирање на играчи.

Треба да знаете
Последни објави