Search

(Видео) Милановиќ помина покрај знамето на Црна Гора без да се поклони, Ѓукановиќ го запре

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, вчера пристигна во дводневна посета на Црна Гора, а за време на свечениот пречек помина покрај знамето на Црна Гора без да се поклони.

Откако неговиот црногорски колега Ѓукановиќ го фати за раката, тој застана до него, по што двајцата се поклонија пред знамето.

Претседателот Милановиќ со бродот Омиш на Хрватската воена морнарица пристигна во Тиват, по што со автомобил се упати кон црногорската престолнина.

Денеска двајцата претседатели ќе присуствуваат на традиционалното оро на Бокелската морнарица пред Соборниот храм Свети Трифун во Котор, ќе ја посетат катедралата и ќе ја посетат епархијата на Котор.

Треба да знаете
Последни објави