Search

Без струја утре ќе има делови од општините „Ѓорче Петров“ и Кисела Вода

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и „Ѓорче Петров“, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 07:30 до 08:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Христо Татарчев” бр. 21А., во општината Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Христо Батанџиев” згр. 13, ул. „Мајски Манифест” од бр. 1 до бр. 15, ул. „Христо Батанџиев” бр. 11, бр.80, зграда 11 и зграда 15 на ул. „Христо Батанџиев”, а од 12:00 до 14:00 часот дел од корисниците од ул. „Радушка” (објекти до Парк во Ѓорче Петров), ул. „Христо Батанџиев” од бр. 1 до бр. 21, во општината „Ѓорче Петров“.

Треба да знаете
Последни објави