Непознати лица го опожариле, а сопственикот сам си го спасил целосно да не му изгори возилото

На 21.06.2020 во 01.02 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Алпи“ во Скопје околу 00.15 часот две непознати лица полиле запалива течност врз паркирано патничко моторно возило“сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое потоа го запалиле, при што возилото било опожарено во делот на десно крило, десно предно тркало и еден дел под хаубата, додека друго паркирано патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки било само полиено со запалива течност но не било запалено. Девте возила се сопственост на С.М.(62) од Скопје. Пожарот е изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави