Велосипедист прегазен во Маврово

Велосипедист од Скопје на возраст од 42 години бил прегазен со возило вчера на регионалниот пат Маврови Анови – с.Маврово.

Со возилото управувал О.Д.(25) од Маврово.

По незгодата, со возило на итна медицинска помош велосипедистот бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде од доктор биле констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави