Денеска се одржа трка HalkEco Хронометар 10КМ на кејот на Вардар

За спорт секогаш треба да се има време и простор, особено кога треба да се зајакне општиот имунитет во време на пандемија. Денеска за прв пат, Скопје беше домаќин на новата и иновативна трка HalkEco Хронометар 10KM. Трката се одржа на Кеј на реката Вардар. Тркачите стартуваа од стартната позиција под мостот „Гоце Делчев” на кеј на Вардар до крајната позиција, вливот на реката Лепенец во Вардар, каде што завртеа полукружно назад до целта под мостот „Гоце Делчев”.

„Денеска покажавме и ние како организатори и тркачите како учесници, дека и во вакви услови на пандемија, кога се преземени сите мерки и протоколи во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, можеме да функционираме. Голема благодарност до сите учесници, сите партнери кои беа со нас”, изјави Кире Синадиновски, директор на трката.

Трката HalkEco Хронометар 10KM беше спроведена со специјален протокол, претходно одобрен од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и од Главниот Координативен Кризен Штаб.

Треба да знаете
Последни објави