19-годишник загина во сообраќајка во Прилеп, сопатничката заврши со тешки повреди

Синоќа по полноќ во близина на бензинска пумпа од Прилеп, патничко возило со прилепски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(19) од Прилеп изгубило контрола и излетало од коловозот.

По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот и сопатничката В.Ч.(19) од Прилеп биле пренесени во Општата болница Прилеп каде што кај А.Ј. била констатирана смрт, а на В.Ч. (2001) од Прилеп и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави