Решенија за изолација добиле 366 лица, казнети 659 за неносење маски

Во текот на изминатото деноноќие (19/20.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 261 лице потпишало изјава за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се  659  прекршоци.

 

Треба да знаете
Последни објави