Приведени две лица при контрола на угостителски објект во Тетово, кај едниот бил пронајден нож

Синоќа во 22.50 часот, во угостителски објект во селото Брвеница, тетовско, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К.(62) и Н.С.(48) од селото Голема Речица.

Имено, како што информираат од МВР, при спроведена акциска контрола, било констатирано Д.К. кој бил сопственик на угостителскиот објект не ги почитувал протоколите за работа на објектите, а Н.С. одбивал да се легитимира, ги омаловажувал полициските службеници и при извршен претрес кај него бил пронајден нож.

По целосно докумнетирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Треба да знаете
Последни објави