Мајмун алкохоличар затворен на доживотен затвор за убиство

Мајмун од Индија зависен од алкохол бил затворен доживотно во кафез, откако имал крволочен поход, пренесува „РТ“.

Мајмунот Калуа бил во сопственост на лице кое секојдневно му давало жестоки пијалоци. Кога сопственикот починал, Калуа останал без алкохол.

Тој го напуштил својот дом и извршил напад во кој каснал 250 луѓе. Десетици деца ги гризнал по лицето, поради што ќе мораат на пластична операција. Едно лице починало по нападот, пишува „РТ“.

Шестгодишниот мајмун на крајот бил фатен и одведен во зоолошката градина Канпур. Ветеринарите заклучиле дека тој станал алкохоличар и одбивал да јаде зеленчук. Тие исто така објасниле како недостатокот на банани и ореви го влошиле неговиот проблем со гневот.

Калуа нападнал неколку чувари во зоолошката градина, па било одлучено да го помине остатокот од животот затворен во кафез.

Треба да знаете
Последни објави