Исповест на сурогат мајка од Украина: Од три деца заработив куќа и два автомобила

Алина Стахорска е една од 1500 Украинки кои минатата година родиле туѓи деца. Има 32 години и живее во Харково, мајка е на две деца. Ланската година се породи по трет пат. Алина е сурогат мајка која за пари 9 месеци носи туѓо дете.Првиот пат кога станала сурогат мајка имала само 21 година. Алина носела бебиња на парови од Ирска, Германија и Индија.

Алина во разговор за Дојче Веле отворено проговорила за висините на хонорарите, тежината на бременоста…

Како станавте сурогат мајка?

Сурогат мајка станав многу млада. Се разведов со првиот маж и ми беа потребни пари па затоа одлучив за пари да носам туѓо дете. За програмот сурогат мајчинство дознав од оглас.

Дали ви падна тешко одлуката да станете сурогат мајка?

На почеток се плашев. Мислев дека нема да ме одберат бидејќи сум млада . Но се пројде добро и го родив првото дете а потоа и второ и трето.

Дали вашите родители знаеа за вашата одлука?

Да. Оние живееа во Русија. Кога таму се преселија јас отидов во моето родно Харково кај мојата баба.

Клиниките тврдатдека сурогат мајките сакаат да им помогнат на паровите без деца?

Да бидам искрена не отидов како Мајка Тереза да им помогнам на паровите без деца. Во прв план ми беа парите. Тоа е вистината. До денес имам контакт со родителите на децата кои ги носев и тие ми се премногу благодарни. Ме радува што им помогнав, но сепак имав и јас придобивка од тоа.

Како ги потрошивте парите?

Со парите од првата бременост платив рата од кредитот што го земав за станот. После втората и трета бременост го пропдадов станот и земав многу поголем. Со парите земав купив куќа во Харково и два автомобила. Повеќе пари на друг начин не ни можев да заработам.

Дали физички ви падна тешко да бидете сурогат мајка?

Првиот пат беше тешко. Имав трудничка мачнина. Втората и третата бременостзнаев што ме чека па ми беше полесно. Незгодно е само што мораме да идеме на контрола.

Треба да знаете
Последни објави