Изгореа два автомобила во Скопје

 

На 20.06.2020 во 01,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. “Лазо Москов“ настанал пожар при што било опожарено патничко моторно возило “Форд ескорд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.К.(75)  од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денов.

 

На 20.06.2020 во 02,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1 во с.Горно Блаце, скопско настанал пожар при што биле опожарени две паркирани патнички моотрни возила “Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и “Ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Т. од с.Горно Блаце. Пожарот бил изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денов.

 

 

Треба да знаете
Последни објави