Search

Пет позитивни на коронавирусот во Сент Етјен

Фудбалскиот клуб Сент Етјен потврди дека тестовите на играчи и вработени откриле пет позитивни случаи на новиот коронавирус. Сите заразени сега се наоѓаат во домашна изолација, а клубот ги продолжува подготовките за почетокот на новата сезона.

Патем, тестирани се 33 играчи, 21 члена на стручниот дел од тимот и 38 вработени во клубот. Тројца фудбалери и двајца членови на стручниот штаб беа позитивни.

– Сите пет заразени лица се сретнаа во карантин и дотогаш не беа во контакт едни со други, објавија од францускиот клуб.

Француската лига е една од ретките во Европа што го објави крајот на првенството по избувнувањето на пандемијата на коронавирус.

Новата фудбалска сезона во таа земја започнува на 23 август.

Треба да знаете
Последни објави