Search

Лукаревска: Трите сета економски мерки имаат ефект

Сања Лукаревска од СДСМ во вестите на Канал 5 зборуваше за владините економски мерки и какви ефекти имаат врз стопанството.

„Сведоци сме дека здравствената криза навлезе во економијата. Имавме три сета на мерки со цел да им се помогне на компаниите, на самостојните извршители на дејност и на сите други за да се намали штетата. Донесовме и платежни картички за поттик на домашното производство и туризмот. Сето тоа се сегменти кои и помагаат на економијата. Дури и предничиме во мерките во однос на другите држави. Се на се, ефектот од мерките е позитивен.“- изјави Лукаревска.

Таа поентираше дека наплатата на даноците е солидна, исто како и полнењето на буџетот.

„Можам да кажам дека можеше да се случи и полошо во делот на собирањето на приходите и полнењето на буџетот. Ако направиме споредба со ланскиот период, имаме пораст кај наплата на даноците од 35 отсто, имаме мал пад на данокот на добивка, но тоа е така зошто некои компании однапред го платија.“- изјави Сања Лукаревска од СДСМ, инаку директорка на УЈП, во вестите на Канал 5.

Треба да знаете
Последни објави