Search

Загина моторџија, се судрил со српски камион во Гази Баба

Скопски моторџија загина во судир со камион, вчера во Гзи Баба, информираше МВР

-На 18.06.2020 во 23.26 часот било пријавено дека во Скопје на булeвар Киро Глигоров  се случила сообраќајна незгода помеѓу камион „Мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки  управувано од А.К.(41) од Србија, и мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистарски ознаки управуван од М.П.(32) од Стајковци, велат од МВР.

Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави