Search

Д-р Баловски: Капацитетите се искористени како никогаш досега

Пулмологот од ГОБ „8 Септември“, д-р Марјан Баловски во дебата на „360 Степени“ кажа дека во моментов во болницата се пациенти со тешка и екстремно тешка состојба.

„Имаме вкупно 136 пациенти од кои 90 се веќе докажани позитивни, 40-тина пациенти се високо суспектни за Ковид-19, 7 се поставени на респираторно-асистирана вентилација, 6 се на вентилација со маска, значи одиме по тенка жица, буквално прашање на време е кога и тие ќе мора да бидат интубирани и да преминеме на инвазивна вентилација, а 80% од овие пациенти бараат кислородна поддршка. Како никогаш досега не биле толку искористени и боците за кислород и сите одделенија кадешто имаме централен довод на кислород. Можам да кажам, не само овој период кога е бројката поголема, туку и во претходниот период, буквално се справуваме со пациенти кои имаат тешка и екстремно тешка клиничка состојба“, вели доктор Баловски.

 

Треба да знаете
Последни објави