Search

Најчевска: Казната за Јанева требаше да биде многу поголема

Универзитетскиoт професорот Мирјана Најчевска во своето гостување во телевизија 24 зборуваше за случајот „Рекет“ каде Бојан Јовановски беше осуден на 9 година затвор, а специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на 7 години казна затвор.

Најчевска истакна дека според неа Катица Јанева требало да добие многу поголема казна од Боки 13 односно дупло или тродупло поголема казна од неговата казна.

-Катица Јанева е човек кој што бил поставен на една многу клучна, многу моќна позиција во одбрана на правото, значи тоа е човек кој што не требало само да го прекршува правото и не се очекува да го прекршува правото туку напротив се очекува правото и никако да не подлегне на било какви искушенија кои што значат прекршување на истото. Според мене казната за неа треба да биде многу различна и казната за Катица Јанева треба да биде дупло или тродупло поголема во однос на ова на Бојан Јовановски, рече Најчевска

Треба да знаете
Последни објави