Search

Турција, во северен Ирак, распореди специјални сили против ПКК

Турција распореди специјални сили во северен Ирак, како дел од копнената операција против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), поддржана од авиони и артилерија. Почна операцијата „Канџите на тигарот”. Хероите од нашите специјални сили се во Хафтанин, соопшти денеска преку Твитер турското Министерство за одбрана..

Не се соопштува колкав број војници се распоредени.

Операцијата претставува одговор на „зголемениот број напади на турските полициски станици и воени бази”, близу ирачката граница, се наведува во сооштението.

Турција, ЕУ и САД ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Треба да знаете
Последни објави