Search

(Видео и фото)Будва е под полициска опсада, уапсени се првите луѓе во градот

Полицијата ги уапсила градоначалникот на Будва Марко Царевиќ и претседателот на општинското собрание Крсто Радовиќ пред општинаката зграда. На оваа акција претходел обид на кородон полицајци да обезбедат влез на Управната инспекција во просториите на Општината Будва.

Поради оваа акција утрово во Будва е тензично, собрани се поголем број граѓани, а градскиот булевар е блокиран. Градот е под целосна полициска опсада пренесуваат тамошните медиуми.

Пред акцијата за апсење бројни полициски сили биле распоредени околу општинакста зграда во која претходната ноќ останале уапсените први луѓе Царевиќ и Радовиќ, на кои неодамна им била изгласна недоворбе од локалниот собраниски состав на Будва.
Покрај овие двајца уапсен е и секретариот за инвестиции Младен Микијел. Според медиумите лишени од слобода се и синот и братот на Марко Царевиќ.

При акцијата се искршени прозори на општинакста зграда, а полицијата употребила и хемиски средства. Дестина комбиња полни со полициски службеници се пристигнати во Будва каде од рано утрово општинските функционери и граѓани ги имаат запоседнато просториите.

Треба да знаете
Последни објави