Search

Полицаец од Влае дома се застрелал во нога проверувајќи го пиштолот

На 15.06.2020 околу 21,30 часот, пријавено е дека на ул.„Франц Прешерн“ во Скопје, во својот дом, полициски службеник од Полициската станица Ѓорче Петров, додека го проверувал службениот пиштол испукал еден куршум при што се повредил во пределот на левата надколеница.

Потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави