Search

Две скопјанки фатени со марихуана во Парк

Скопската полиција привела петмина со марихуана, вчера и завчера, од кои и две девојки, информираше МВР.

На 15.06.2020 во 12,50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во градскиот парк  го лишиле од слобода Д.К.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Во 14.10 часот, полицајци во паркот го лишиле од слобода и скопјанецот А.К.(32), кај кого исто така била пронајдена марихуана. Истата вечер околу 22.10 часот, на истата локација биле приведени и Д.К.(23) и А.М.Д.(21) двете од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, велат од МВР.

Четири часа подоцна на кеj Димитар Влахов го лишиле од слобода К.М.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот против сите  ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави