Search

Арсовски: На ВМРО-ДПМНЕ најмногу им одговараше да нема избори до есен

Аналитичарот Петар Арсовски во гостувањето во „Само Вистина“ смета дека за опозицијата подобро ќе беше да ги одолжи изборите на подолг период, бидејќи според анкетите предност има СДСМ.

-Мислам дека за опозицијата подобро ќе беше да ги одолжи изборите на подолг период во политичка смисла. Нив најмногу им одговараше да не се одржат избори до есен бидејќи за тоа време не можат да се случат драматични промени на рејтингот, а според анкетите таму сепак е во предност СДСМ и БЕСА. Имајќи ја предвид таквата ситуација, не беше поволно за опозицијата да прифати многу брзи избори. Од таму беше и политичкиот хир на ВМРО-ДПМНЕ дали 5 или 15 јули, бидејќи тие 10 дена ништо не може да сменат ниту во здравствена, дотогаш нема да заврши епидемијата, не знаеме дали дотогаш ќе се намалат или зголемат бројките на заболени од Ковид-19, се работеше за некаков компромис. Мислам дека е одлично што партиите се договорија да одржат избори на 15 јули, бидејќи единствената друга опција ќе беше продолжување на вонредната состојба до крајот на редовниот мандат. Важно е да имаме инклузивни избори, сите да учествуваат во нив и важно е изборите да се одржат така што резултатите ги признаат сите, истакна Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави