Search

Родителите на деца до 10 години се ослободени од работа, порача Филипче

Мајките. односно родителите на деца до 10 години се ослободени од работа и верувам дека овој административен проблем може да се реши, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во однос на градинките за родители кои реагираат – мајки на кои породилното им завршило пред да се воведе вонредната состојба, не ги запишале децата во градинка и не можат да земат потврда и мораат да одат на работа.

– За ова неколку пати разговараме уште на почетокот на кризата затоа што уште тогаш имаше родители кои имаа ваков пример, така што административните служи во градинките и во останатите институции кои не функционираат работат. Тоа беше случај и за уписот за следната година. Така што не би требало да претставува проблем и за ова можам да го консултирам МИОА дали се работи за нешто што е проблем на терен или е некакво недорабирање, истакна министерот Филипче.

Министерот за здравство претходно уште еднаш повтори дека засега градинките нема да бидат отворени за примање дечиња.

Треба да знаете
Последни објави