Search

По скринингот за КОВИД-19, негативни сите тестови на вработените во делчевската детска градинка

Во детската градинка „Весели Цветови” нема ниту еден позитивен случај на КОВИД-19, по извршениот скрининг на вработените од страна на Центарот за јавно здравје. Од градинката информираат дека во рамки на скринингот беа опфатени вкупно 58 даватели на услуга во градинката.
-Општинската јавна установа Детска градинка „Весели Цветови” Делчево во рамките на скринингот на вработените во градинките имаше 58 тестови за КОВИД-19 и на наше задоволство можеме да кажеме дека сите 58 теста на вработените се негативни. Конкретно во нашата установа скринингот беше извршен врз воспитувачи, негователи, помошен технички и административен персонал без притоа да има позитивен случај, истакнаа од ОЈУДГ „Весели Цветови”.
Скринингот, како што додадоа, се правеше со ПСР-тестови и имаше за цел да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот, односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми.
Во насока на заштита на персоналот и децата во градинката во изминатиов период извршена е комплетна нејзина дезинфекција, а заштитата од заразата, како што додадоа, ќе продолжи со тековно преземање мерки согласно со протоколите на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство.
Треба да знаете
Последни објави