Search

Полуматурантите од училиштата во Аеродром денеска ќе си ги земат свидетелствата

Заврши учебната 2019/2020 година за сите ученици, во која првпат се реализира настава по електронски пат и во вонредни услови. Свидетелствата за деветтоодделенците ќе се доделуваат денеска во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром од 8 до 15 часот.

Запишувањето во средните училишта ќе се одвива од 16 до 18 јуни 2020 година во периодот од 7 до 19 часот и на 19 јуни 2020 од 7 до 13 часот.

Градоначалникот Златко Марин и Општина Аеродром им го честитаат крајот на учебната година на сите ученици и наставници, кои во специфични околности успешно ја реализираа наставата и ги надминаа предизвиците.

Треба да знаете
Последни објави