Search

Пендаровски го поздрави постигнатиот договор помеѓу политичките партии и очекува фер и демократски избори

Претседателот Стево Пендаровски го поздравува постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии,  предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули годинава.

Истовремено, претседателот Пендаровски искажува очекување дека изборите ќе бидат фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отпочнува преговори со Европската Унија.

Постигнатиот консензус за датумот за одржување на предвремените парламентарни избори, според претседателот Пендаровски е уште еден показател дека во секоја зрела демократска земја неопходен е политички дијалог преку кој се носат усогласени одлуки и одлуки исклучиво во интерес на граѓаните на нашата земја.

Треба да знаете
Последни објави