Search

И македонските туристи од 1 јули ќе можат да патуваат во Грција, но само преку преминот Евзони

Грција од денеска се отвори за старт на летната туристичка сезона. Отворени се копнените премини, но и аеродромите. Во следните две седмици, заклучно со 30 јуни, ќе бидат дозволени летови и од Северна Македонија и Албанија, но само за конкретни цели, а не и за туристи и само кон атинскиот аеродром.

На аеродромот во Солун не се дозволени летови ниту од нашата земја, ниту од Албанија.

Доколку се биде во ред, копнените граници со Северна Македонија и Албанија, Грција ќе ги отвори на 1 јули, а не денеска, како што првично беше најавено, додека пак ќе функционираат само неколку гранични премини, од кои само Евзони -Богородица кон нашата земја.

Во периодот до 30 јуни 2020 година, по копнен пат дозволени се само апсолутно неопходните службени патувања, а отворена е границата со Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави