Search

Еден тетовец натепан во автоперална, друг нападнат од синот, трет изел ќотек по сообраќајка

Тетовската полиција бележи пријави за три физички напади во текот на вчерашната вечер. Една од пријавите е за семејно насилство.

оловина час по полноќ, 45-годишен тетовец во СВР Тетово пријавил дека во нивниот дом бил физички нападнат од неговиот 25-годишен син. Претходно околу 20 часот Б.Н.(44) од Тетово пријавил дека 10-тина минути претходно додека бил на работа во автоперална на улица „Борис Кидрич” во Тетово, бил физички нападнат од Б.Х.(37) од тетовско Гајре, од негов роднина и од уште едно непознато лице.  Во 23 часот и 45 минути, П.Џ.(30) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека на улица „Илинденска” во Тетово, бил физички нападнат од 4 лица, кои по случена сообраќајна незгода со него, излегле од возило „бмв”, со тетовски регистарски ознаки и физички го нападнале, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција сега работи на расчистување и документирање на  трите случаи.

Треба да знаете
Последни објави