Search

Бајрами: Централниот регистер е должен да знае кои организации треба да достават финансиски извештаи

Ако законот му ja препишува наддлежноста за изрекување глоби и покренување на одредени постапки на Ценралниот регистар, тој е должен да знае кои непрофитни организации треба да доставаат изјави или финансиски извештаи, вели Нури Бајрами од ДКСК во писмо до директорката на Централниот регистер, Марија Бошковска Јанковски.

Претходно Бајрами на прес-конференција кажа дека ИВЗ 5 години не доставила податоци за работењето до Централниот регистер, на што од регистерот реагираа дека тие немаат увид во приходите и расходите на ИВЗ, а верските заедници не се обврзани да доставуваат финансиски извештаи до нив.

Бајрами вели дека ако се остава тоа да го направаат самите чинители по добра волја како што е наведено во реакцијата на Бошковска Јанковски, тогаш не би биле потребни државните органи и институции.

„Да ве потсетам на одговорот од Централен регистар доставен до ДКСК по барање за податоци и информации за потребата на постапувањето по оформениот предмет по пријава за ИВЗ: Во добиениот одговор на ден 13.02.2020 година се наведува: ‘Од обработена годишна сметка на чинителот Исламска Верска Заедница во РСМ Скопје со матичен број 4069676 ве информираме дека наведениот чинител за последните 5 години нема поднесено годишна сметка и дека не се евидентирани податоци за правосилна прекршочна судска одлука доставена од надлежен суд кај правното лице ИВЗ во РСМ’“, вели Бајрами.

Во дописот до јавноста, Бајрами сподели делови од законот за правната положба на црква, верска заедница и религионна група, како и Законот за сметководството на непрофитните организации.

Закон за правната положба на црква, верска заедница и религионна група (Сл. Весник на Р. Македонија бр.113/07 од 20.09.2007 год.)

Член 9
(1) Црква, верска заедница и религиозна група се запишуваат во Единствениот судски регистар на црквите, верските заедници и религиозните групи (во натамошниот текст: надлежниот регистар), со што стекнуваат својство на правно лице.

Член 11
(1) Надлежен суд за водење на Единствениот судски регистар на црквите, верските заедници и религиозни групи е Основниот суд – Скопје II – Скопје

(Членот 9 и 10 се однесуваат само на основањето на црква, верска заедница и религиозна група, но не и на обврската за поднесување изјава или извештај)

Член 33
(1) Црквата, верската заедница и религиозната група самостојно располагаат со стекнатите приходи, во согласност со закон и со прописите на црквата, верската заедница и религиозната група.

(2) Финансирањето на црквата, верската заедница и религиозната група, како и трошењето на финансиските средства е според регулативата за непрофитните организации и организациите од јавен интерес.

Закон за сметководството на непрофитните организации („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2003, 17/2011 и 154/2015)

Член 1

Со овој закон се уредува водењето на сметководството, деловните книги, сметководствените документи и обработката на податоците, признавањето на приходите и расходите, проценувањето на билансните позиции, ревалоризацијата, финансиските извештаи, доставувањето на финансиските извештаи и други прашања во врска со сметководството на стопанската интересна заедница, здруженија на граѓани и фондации, други облици на здружување, политичките партии, верските заедници, религиозните групи и други, Црвениот крст на Република Македонија, здруженија на странци, странски и меѓународни невладини организации, хуманитарни организации и здруженија, синдикатите и други правни лица основани со посебни прописи од кои произлегува дека се непрофитни организации, доколку поинаку не е регулирано со друг пропис (во натамошниот текст: непрофитни организации).

Член 3

Непрофитните организации се должни да го водат сметководството по системот на двојно сметководство, а според распоредот на сметките од сметковниот план за непрофитните организации.

Член 17:

(1) Непрофитните организации се должни да состават основни финансиски извештаи и тоа: биланс на состојбата, биланс на приходи и расходи и белешки кон финансиските извештаи.
(8) Обликот и содржината на финансиските извештаи од ставот (1) на овој член ги пропишува министерот за финансии.
(9) Основните финансиски извештаи од ставот (1) на овој член ги потпишува законскиот претставник на непрофитната организација или лицето коешто тој ќе го овласти.

Член 18

(1) Непрофитните организации чијашто вкупна вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2.500 евра во денарска противвредност не се обврзани да составуваат финансиски извештаи и да ги доставуваат во согласност со одредбите на овој закон.

„Од добиениот одговор на ден 26.02.2020 година од страна на Комисијата за координација на работата на Комисиите што одлучуваат по барањата за денационализација се наведува дена на ИВЗ по основ на денационализација во последните десет години со правосилни решенија е вратен недвижен имот земјиште со вкупна површина од 48.185 м² и објекти со површина од 210 м². Вкупниот износ на запишаните обврзници во последните десет години изнесува 559.598.975.00 денари односно 9.096.896 евра. Само горенаведениот податок покажува дека вредноста на имотот надминува 2500“, вели Бајрами.

Член 19:

Непрофитните организации се должни годишните сметки да ги достават до Управата за јавни приходи и до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар до крајот на месец февруари наредната година, односно во рок од 60 дена од денот на настанувањето на статусна промена.

VII. ПРЕКРШОЧНИ ОДРЕДБИ

Член 20

(1) Глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност ќе и се изрече за прекршок на непрофитната организација, ако:
1) не води сметководство на начин пропишан со овој закон или со пропис донесен врз основа на него (член 3);
2) внесувањето на податоците во деловните книги го врши врз основа на неурeдна и неверодостојна документација (член 10 став (1));
3) не врши проценување на билансните позиции на начин и по постапка пропишани со овој закон или со пропис донесен врз основа на него (член 14 став (2));
4) не ја врши ревалоризацијата според одредбите од овој закон (член 15);
5) не врши усогласување на состојбата на средствата и нивните извори искажани во сметководството со фактичката состојба што се утврдува со попис на 31 декември (член 16);
6) не ги состави основните финансиски извештаи (член 17 став (1)) и
7) не ја достави годишната сметка до Управата за јавни приходи и до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар во законски определениот рок (член 19).

(2) Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за непрофитната организација ќе му се изрече на одговорното лице во непрофитната организација за прекршоците од ставот (1) на овој член.

Член 20-а
За прекршоците утврдени во членот 20 став (1) точки, 1), 2), 3), 4), 5) и 6) од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува надлежен суд.

Член 20-б
(1) За прекрошокот од членот 20 став (1) точка 7) од овој закон прекршочна постапка води и прекршочни санкции изрекува Централниот регистар на Република Македонија.

ТОЧКА (7) не ја достави годишната сметка до Управата за јавни приходи и до Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар во законски определениот рок (член 19).

Треба да знаете
Последни објави