Search

Австрија ја укина обврската за носење заштитни маски

Врз основа на добриот тренд на развој на борбата против коронавирусот, односно малиот број новозаразени, австриската влада донесе одлука да ја укине обврската за носење маски на јавни места.

Од денес, маските мора да се носат само во јавниот транспорт, здравствените установи и во услужните дејности, каде што не е можно да се одржи растојание од еден метар. Ова пред сè важи за фризерските салони.

Носењето маска повеќе не е задолжително во продавниците. Сепак, сопствениците на продавниците имаат можност сами да одлучат дали да побараат од купувачите да носат маски.

Исто така, од денеска се продолжува работното време на угостителите, од 23 часот до 1 часот по полноќ.

Покрај тоа, се уинува и ограничувањето на бројот на гости на една маса. До сега правило беше дека на една маса може да седат до четири возрасни лица. Задолжителното растојание од еден метар помеѓу масите сè уште останува во сила.

Треба да знаете
Последни објави