СДСМ денеска ќе одговори на предлогот на Мицкоски за избори на 15 јули

Раководството на СДСМ вчера имало состанок кој ќе продолжи и денеска, па во текот на денот треба да излезе со став за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски 15 јули за можен термин за избори, најави техничкиот премиер Оливер Спасовски во неговото гостување во „Утрински брифинг на Слободна ТВ .

-СДСМ покажа дека за секое прашање во државата има свои јасни политички ставови од кои не отстапува туку влегува во една нивна реализација. Ние разговаравме во раководството на партијата, денеска продолжува нашиот состанок во однос на овие теми и нормално дека СДСМ ќе излезе со став во делот на изборниот процес. Јас не можам да разберам, не го разбирам ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ, не можам да видам од сите тие нивни соопштенија и обраќања, кога тие всушност би посакувале да има избори. Ние се навикнавме на тоа дека нашата опозиција нема ставови за клучните прашања и тоа не ме изненадува, но мораме да имаме висока свест во оваа здравствена и економска криза, изјави Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави