Search

Убедлива победа на Барса во Мајорка

Барселона на фуриозен начин го продолжи првенството на Шпанија по паузата поради коронавирусот откако славеше со убедливи 0:4 во Мајорка.

Поразот на домаќините беше извесен уште од втората минута по голот на на Артуро Видал.

На 0:2 зголеми Брајтвајт во 37.со кој резултат се заврши првиот дел.

Во продолжението голови за Барса дадоа Алба во 79. и Меси во третата минута од судското продолжение.

За домашниот тим не настапи македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.

Треба да знаете
Последни објави