Search

И Реал почна со триумф, совладан Еибар 

Реал Мадрид вечерва во натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија го совлада Еибар со резултат 3:1. Головите за домаќините ги постигнаа Тони Крос, Серхио Рамос и Марсело, за гостите погоди Педро Бигас.

Овој натпревар беше прв за екипите по продолжувањето на сезоната, суспендирана поради пандемијата на коронавирус.

Мадридскиот клуб своите натпревари како домаќин ги игра на натпревари во клупската база, бидејќи „Сантијаго Бернабеу” се реновира. Средбите во Ла Лига се играат без публика.

По оваа средба, Реал со 59 бода е на второто место на табелата, додека Еибар со 27 поени е 16-ти. Лидер е Барселона со 61 бод.

Зинедин Зидан стана третиот тренер кој мина 200 натпревари на клупата на Реал Мадрид. Денешната средба од 28. коло од шпанската Ла Лига против Еибар е негов јубилеј. На претходните 199 натпревари, под водство на Зидан, Реал Мадрид победи 131 пати, 42 пати ремизира.

Повеќе од Зидан, Реал го предводеа само Висенте дел Боске (246) и Мигел Муњоз (605).

Треба да знаете
Последни објави