Search

Еден позитивен на Ковид 19 во Црна Гора, го донел вирусот од Босна

Институтот за јавно здравје на Црна Гора регистрира еден позитивен случај на Ковид 19 викендов од 128 тестирани, прв по 42 последователни дена.

Се работи за „увезен“ случај, односно лицето било во Босна и Херцеговина претходната недела и од превентивни причини и на сопствено инсистирање е во самоизолација, велат од Институтот.

Црна Гора на почетокот на јуни прогласи крај на епидемијата од корнавирусот на својата територија, откако 28 дена по ред, односно два инкубациски периода, не беше забележан ниеден случај на заболувањето. Претходно земјата стана првата во Европа без активни случаи на зараза со коронавирусот.
Имаше вкупно 324 регистрирани случаи, од кои 315 се излекувани, а деветмина пациенти починаа.

Треба да знаете
Последни објави