Search

Донарума сака да го продолжи договорот со Милан

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, сака да остане во клубот, пренесува „Кориере дела Сера”.

Според изворот, 21-годишниот Италијанец има намера да го продолжи договорот со „росонерите” до 2023 или 2024 година, а исто така во договорот да вклучи и откупна клаузула за 60 милиони евра.

Преговорите со агентот Мино Рајола напредуваат добро, бидејќи ниту една страна досега не изрази желба за разделба.

Сегашниот договор Донарумама со Милан важи до крајот на јуни 2021 година.

Во сезоната 2019/20, Донарумама настапи на 26 натпревари за Милан прими 33 гола и имаше 10 „суви натпревари”.

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на Италијанецот на 49,5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави