Search

(Видео) Од силниот земјотрес во Турција се урнаа куќи и испукаа патиштата

Од силниот земјотрес којшто ја погоди денеска Турција, оштетени се десетина домови, а се појавија и пукнатини на патиштата. Според првичните информации повредени се тројца војници, при уривање на воен објект за набљудување,

Земјотресот со јачина од 5,7 степени го погоди источниот дел на Турција. Службата за управување со вонредни состојби и катастрофи наведува дека епицентарот на земјотресот бил во областа Карлиов, пренесува Ројтерс. Десетина дома се делумно оштетени во селата Елмали и Динарбеј и областа Једиси. Не се пријавени жртви во овој дел на Турција. По силниот земјотрес следеле уште два послаби. На сликите, коишто се објавени на социјалните мрежи, може да се забележат и пукнатини на патиштата како последица на силниот земјотрес.

https://twitter.com/Feddo15/status/1272213728998670336

Треба да знаете
Последни објави